Во трагична сообраќајна несреќа во Кардиф загинаа татко и неговиот син, но она што уште повеќе ја шокираше јавноста беше нивниот погреб.
Семејството и пријателите кои се собрале да им оддадат почит останаа во шок кога на видео-бим за време на парастосот се вклучил порно-филм.
Непријатноста траела цели четири минути бидејќи имало проблем со исклучувањето.
Полицијата веднаш покренала истрага по повод снимката која се појавила.
– Сите беа затекнати. Очувот на Сајмон збесна, викаше по луѓето и бараше веднаш да биде исклучено видеото, изјавил гробарот и објаснил дека присутните не можеле да веруваат што се случило.
Во сообраќајна несреќа загинаа Сајмон Луис и неговиот син.