Во Ирак за првпат од 1972 година беше избрана Мис Ирак. Титулата ја доби 20-годишната Шалма Абделрахман.
Конкурсот во максимален степен соодветствуваше на меѓународните критериуми. Недостигаше само дефиле на учесничките во долна облека, јавуваат западни медиуми.
– Се радувам дека Ирак се движи напред, изјави победничката.
Организаторите сакаа изборот да го спроведат во октомври, но го одложија поради закани за учесничките.