Според аналитичарите, граѓаните на САД на Денот на вљубените ќе потрошат околу 27,4 милијарди долари.
Овој 14 февруари, според прогнозите, ќе биде рекорден по потрошувачката.
Американците во 2018 година, потрошија 19,6 милијарди долари, а во 2017 година вкупно 18,2 милијарди.
Од минатата година зголемен е и бројот на луѓето кои го слават овој празник. Сега тој број изнесува 55 отсто од популацијата.
Според извештајот на Националната федерација за малопродажба, 62 отсто од луѓето на возраст од 35 до 44 години ќе го одбележат овој празник, што е поголем процент од оние во групата од 25 до 34 години, од кои слават 60 отсто.
Од друга страна, само 46 отсто од постарите од 65 години ќе го слават Денот на вљубените.
Според проценките, заљубените трошат рекордни 198 долари по личност, додека во 2019 година таа сума изнесува 161 долар.
Како и претходно, мажите трошат повеќе од жените, 291 долар трошат мажите, а 106 долари жените.
Минатата година 2,4 милијарди долари се потрошени за колачи, 1,3 за честитки, 2,3 милијарди за цвеќиња и 5,8 милијарди долари за накит.
За излегување по ресторани, кафулиња и кино потрошени се околу 4,3 милијарди долари.