Болката поради скршеното срце и разочарувањето на крајот од врската тешко може да се заборави и остава длабока трага. Совети за тоа како да се избегне скршеното срце и во целост да се ужива во новата врска.
1. Прво во целост мора да бидете подготвени за нова врска, емоционално и ментално. Дури кога ќе бидете задоволни со себе, со својот живот и пронајдете тоа што ве исполнува и радува можете да воспоставите квалитетна врска со друго лице.
2. Решете ги и заборавете ги проблемите од претходните врски, немој да ги пренесувата во новата. Немојте да барате исполнување преку другите, тогаш разочарувањето од неуспешната врска ќе биде помало.
3. Внимателно избирајте со кого ќе ги споделите моментите од својот живот. Кога ќе запознаете нов маж, внимателно слушајте и набљудувајте, Делата повеќе говорат од зборовите.
4. Вљубеноста не е изговор, а стравот да не останете сами уште помалку. Вашите стандарди, емоционални и карактерни, барајте ги и од него. Ако забележите негативно однесување не очекувајте промена и не барајте изговори за да продолжите понатаму.
5. На самиот почеток на врската треба да бидете внимателни. Помирете се со тоа дека некои врски едноставно не успеваат и дека никој не е виновен за тоа.