Вудсток ќе му се случи и на Скопје

Од:

Големиот музички фестивал „Ентер фест“ кој ќе почне на крајот на мај и ќе трае шест дена во Скопје, по се изгледа ќе ги урне сите рекорди во земјава во посетеност.

Причина повеќе за ова е и што сумата за билетот за сите шест вечери од фестивалот ќе чини само 1100 денари. За оваа сума посетителите ќе можат да уживаат во настапот на големи музички ѕвезди и над 60 бендови од целиот регион од почетокот па се до крајот на фестивалот.

Организаторите се уште не откриваат кои имиња ќе настапат на фестивалот кој ќе трае шест дена на две огромни фестивалски сцени на целиот простор околу спортскиот центар Борис Трајковски.

Фестивалот кој уште сега се нарекува македонски Вудсток, според најавите ќе привлече огромен број посетители од целиот регион за шесте дена музичка радост во Македонија. Ова е прв пат Скопје да биде центар на ваков музички хепенинг од големи размери.

Организаторите веќе открија дека поради намерата ова да биде забава за сите, и пивото ќе се продава за само 80 денари.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум