Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска ќе и биде врачена наградата „Дијалог“ за млад истражувач на Александра Велева, за книгата „Интеркултурната комуникација изразена во масовната култура“.
Одлуката за признаниаето, што го доделува Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“, ја донесе жири во состав: Снежана Веновска-Антевска, Веле Смилевски и Јован Дамјановски.
Книгата ќе ја претстави Снежана Веновска-Антевска, а наградата на Велева ќе и ја врачи Веле Смилевски, уредник на здружението „Дијалог“.