За време на реновирање на тоалет во една куќа во канадскиот град Калагари, водоинсталтерите пронашле златна плочка, која според стручните проценители, вреди околу 50.000 долари.
– Видов дека нешто свети на дното, но мислев дека тоа е само бакар, изјави еден од водоинсталатерите.
Тој сепак решил да провери за што станува збор и со помош на лопата ја извлекол плочката.
– Бевме многу возбудени кога ја пронајдовме златната плочка. Поради економската состојба не ни беше лесно да одлучиме што ќе направиме со неа. Сепак решивме да ја вратиме на сопствениците, бидејќи тоа беше правилен чекор, објаснија чесните работници.