Во Велес започна петтиот „Баскерфест“

Од:

Познатиот уличен фестивал „Баскерфест“ по петти пат синоќа во Велес започна во Младинскиот парк на две сцени на отворено, во амфитеатарот и на горното плато.

Пред бројната велешка публика од сите возрасти меѓу кои најбројни беа децата и младите „Баскерфест“ ја пречека публиката со улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини.

Претставите беа бесплатни,а на крај публиката задоволна од изведбата ги наградуваше забавувачите со силен аплауз и по некој денар во нивните шешири- кој колку може и сака.

„Баскерфест“ со богата програма продолжува и вечерва на двете сцени на отворено во Младинскиот парк.

Би можело да ве интересира

Денеска започнува Баскерфест

Ана Ололовска

Наредните два дена „Баскерфест 2018“ на Градскиот плоштад во Охрид

Ана Ололовска

Баскерфест караванот започнува од Охрид

Ана Ололовска

13-то издание на фестивал со улични изведувачи-Баскерфест 2018

Ана Ололовска

Во Велес заврши петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска

Во Велес по петти пат „Баскерфест“

Наум Локоски