Во тегла имал 5 милиони долари, а не знаел

Од:

Откако Рикардо Черезо ја изгубил својата ќерка кога имала 14 години, од ненадејна болест, а подоцна и неговата куќа била пред запленување поради неплатена хипотека, одеднаш ги решил барем материјалните проблеми!

Во тегла дома чувале 11 лото тикети. Ливчињата биле заборавени во теглата, кога сопругата на Рикардо во текот на пролетното чистење деновиве побарала тој да ги извади ливчињата од теглата и ако не се добитни да ги фрли.

Добитното ливче во теглата стоело заборавено цели 3 месеци, токму во периодот кога почнале да пристигнуваат првите предупредувања за неплатена хипотека.

Добитното ливче носело околу 5 милиони долари, а по исплаќањето на данокот на семејството на Рикардо му остануваат 3,4 милиони.

– Ова не можеше да се случи во подобро време. Ова е божја работа – вели Рикардо.

А за да биде приказната уште поневеројатна, теглата за колачиња во која го чувале добитното ливче ја купила нивната најмлада ќерка Савана минатата година, неколку месеци пред да почине.

– Првото чувство ни беше голема тага што и таа нема да се радува на ова со нас – изјави Черезо за NBC Chicago.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините