Во Стразбур жена роди шест бебиња

Од:

Мајка на две деца, роди шест бебиња во Стразбур, што е исклучително редок настан, соопшти болницата Стразбур-Хотипер.

Како што јави дописникот на МИА, новороденчињата, пет девојчиња и едно момче,  родени се по 24 недели и шест дена, што значи дека се „многу предвремено родени“.

Бебињата се родени со царски рез и тежат помеѓу 630 и 730 грама. Тие се хоспитализирани во реанимација за новороденчиња и ќе поминат долги месеци во болница.

-Ние сме многу внимателни, тоа е ситуација во која се потребни техничка експертиза на тимот со високи перформанси во болницата Хотепиерм, изјави медицински извор од болницата, нагласувајќи дека 30 лица биле мобилизирани за ова несекојдневно раѓање.

Според него, последното раѓање на шесторка во Франција датира од пред триесет години во Нормандија.

Пред една година, 29-годишна Полјакиња,  мајка на едно дете, роди исто така шест бебиња во Краков. Полските лекари тогаш истакнаа дека раѓањето на шесторка се случува во светот еднаш на 4,7 милијарди породувања.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Три бебиња од Младеновац починаа за само 24 часа: Мајка на бебе му давала парацетамол на еден час, па го предозирала

Горан Наумовски

Трагедија во Австрија: Количка со две бебиња падна по стрмна падина, едно дете загина

Горан Наумовски

Холандскиот суд забрани донирање сперма на биолошкиот татко на 550 деца

Бугарските институции почнуваат да ги проверуваат сите болници во државата за можна размена на бебиња