Во Словенија направена баклава за Гинис

Од:

Женското здружение „ЗемЗем“ од Љубљана ја направи најголемата и најтешката баклава на светот, за која сметаат дека ќе влезе во книгата на рекорди на Гинис, објави сајтот „Кафе дел Монтенегро“.

Баклавата, тешка 310 килограми и долга 18,75 метри, вчера беше расечена на парчиња и раздадена на граѓанте од страна на босанскиот актер Енис Бешлагиќ и градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, во рамки на традиционалниот фестивал на храната во Љубљана. Доброволните приходи од акцијата се наменети за изградба на џамија во словенечката престолнина.

На фестивалот беше делено и неколку стотини литри кафе, сварено во огромно ѓезве, кое пред неколку години исто така влезе во книгата на Гинис, како најголемо во светот.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава