Канадска двојка одлучиле својата прва годишнина од брак да ја прослават во Мексико. Но, во хотелот во кој биле сместени откриле дека во бањата покрај тушот имало дупка од која некој ги гледал гостите.
Давид Трачито и неговата сопруга Сара Едвардс ја откриле дупката во бањата во хотелот во местото Плаја дел Кармен. Веќе за време на првото туширање Сара имала невообичаено чуство.
– Чуствував како да е некој покрај мене. Слушнав нешто како отворање врата, а потоа како да се затвора, раскажува Сара за Њујорк дејли њуз.
Набрзо таа и сопругот откриле дека нивниот апартман се наоѓа покрај собата во која чистачките ја чуваат опремата. Почнале да истражуваат и откриле мала дупка на ѕидот на бањата и тоа покрај тушот. Тој што ги гледал гостите, дури ја истругал малку бојата за полесно да го гледа лицето кое се тушира.
Дупката е избушена на позиција од која се гледа не само оној кој се тушира, туку и креветот во апартманот.
Двојката за ова ја информирале управата на хотелот и добиле друга соба. Освен тоа, од хотелот добиле и отштета. За која сума станува збор, не е познато.