Во Бурса отворен Музеј на свилата

Од:

Во градот Бурса отворен е Музеј на свилата, прв од таков вид во Турција.

Поставката го следи целиот циклус на изработка на свилата. Започнува од одгледувањето на свилени буби, ги минува сите фази на обработка и завршува со готово платно.

Градот Бурса е центар на текстилната индустрија во Турција, при што производството на свила зазема значителен дел. Во Бурса се ткаат и килими од свила, кои се многу барани, посебно од ВИП гостите.

Англиската кразлица Елизабета Втора, за време на посетата на Турција пред неколку години ја посети Бурса, каде се запозна со процесот на изработка на чиста свила, која сега е барана низ целиот свет.

Во минатото, оттука минувал познатиот Пат на свилата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски