Вкусот на кафето зависи од бојата на шолјата

Од:

Бојата на шолјата од која пиеме кафе влијае врз вкусот на овој популарен напиток, покажуваат резултатите од една американска студија.

Авторот на студијата започнал со ваквото истражување откако еден бармен му рекол дека гостите кои пијат кафе од бели шолји почесто се жалат дека кафето им е горко.

Поаѓајќи од ваквата констатација, авторот извршил тестирање со група волонтери, кое покажало дека испитаниците различно го доживуваат вкусот на кафето во зависност од бојата на шолјата.

Тој дошол до заклучок дека кафето послужено во бели шолји остава впечаток дека е погорко, а она во сини понекогаш два ист впечаток, но некогаш сосема спротивен, односно дека напитокот е преблаг.

– Експериментот покажува дека бојата на шолјата влијае врз доживувањето на интензитетот на кафето. Тоа значи дека треба да обрнеме внимание кога сервираме кафе, наведува авторот на студијата.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава