Вкусот на Италија во Скопје

Од:

Најнови италијански рецепти од регионите Тоскана и Венето ќе бидат промовирани на 8 февруари во Јавна соба, во рамки на проектот „Вкусот на Скопје”.

За подготвување на јадењата е задолжен готвачот Марк де Јонг.

– Секогаш користиме исклучително квалитетни производи за приготвување на храната преку која ја раскажуваме приказната за одреден регион или земја. Во оваа пригода на публиката ќе и доближам многу поразлична италијанска кујна. Излегуваме од стереотипната италијанска храна што је има на секое ќоше и подготвуваме патесо ф’стаци, бифтек на венецијански начин,… Ова се рецепти кои дома лесно се подготвуваат, па затоа и сакам да им ги подарам на луѓето, вели де Јонг.

Со серијата кулинарски настани во рамки на двегодишниот проект „Вкусот на Скопје” се организираат тематски вечери и работилници наменети за пошироката јавност која е подготвена одблиску да запознае нова култура и да ги зголеми своите кулинарски вештини.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски