Вкусни смуди за слабеење

Од:

Свежо припремени, вкусни смуди се идеално решение за секој доручек, ручек или ужина. Освен што се припремаат брзо и лесно, со своите здрави состојки тие помагаат и да се решиме од вишокот на килограми.

Припремата е едноставна, ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете пивка смеса без грутки.

Смуди од манго

Состојки:

1/4 шоља манго коцки
1/4 шоља зрело манго
1/2 шоља сок од манго
1/4 шоља безмастен јогурт од ванила
1 лажица свежо цеден сок од лимета
1 лажица шеќер (или друг засладувач)
6 коцки мраз

Напитокот има 298 kcal, 5гр протеин, 55гр јаглехидрати, 5гр влагка, 47гр шеќер, 9гр масти, 1,5гр заситени масти, 54мг натриум.

Смуди од банана и путер од кикиритки

Состојки:
1/2 шоља безмастно млеко
1/2 шоља бестмасен јогурт
2 лажици путер од кикиритки
1/4 зрела банана
1 лажица мед
4 коцки мраз

Напитокот содржи 366 kcal, 18гр протеин, 40гр јаглехидрати, 3гр влакна, 32гр шеќер, 16,5гр масти, 3,5гр заситени масти и 151мг натриум.

Смуди од ванила и боровница

Состојки:
1 шоља соино млеко
170мл јогурт од ванила
1 шоља свежи боровинки
неколку коцки мраз
1 лажица масло од ленено семе

Напитокот содржи 443 калории, 18гр протеин, 63гр јаглехидрати, 4гр влакна, 57гр шеќер, 14,5гр масти, 1,5гр заситени масти, 221мг натриум.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Нов ветувачки лек против дебелината

Ана Ололовска

Кафето помага во битката со вишокот килограми

Ана Ололовска

Диети препорачани од СЗО

Ана Ололовска