Според љубителите на чоколадата, „Тоблероне“ претставува вистинска класика во чоколадниот свет.
Триаголниците на „Тоблероне“, и помалите и поголемите, веќе долго време „ги освојуваат“ незаситните непца, но сите кои го пробале ќе прознаат дека воопшто не е лесно да се скрши парче од чоколадата, без барем малку од него да ви се залепи на прстите.
И додека пробувате да најдете иделен начин за кршење на „Тоблеронето“, на интернет се објави видео од еден корисник на Јутуб, кое покажува како да го сторите тоа на поелегантен начин.
Само треба да го скршите парчето во спротивна насока. Погледнете како: