Понекогаш жените знаат да претераат со причини за раскинување. Сепак, ако сакате да ја прекинете врската, можеби сте во право. Еве како да бидете сигурни.
Ве искористува поради пари
Жените можат сами да платат, купат и позајмат пари, но ако тоа ги поминало сите граници, а тој и понатаму ништо не презема за да ја промени ситуацијата, тоа дефинитно не е маж каков што ви треба.
Вашите животни цели не се усогласени
Тој не сака да почнете да живеете заедно, а вие сакате. Тој не сака деца, вие сакате. Тој сака да живее во странство, вие не сакате. Темелот на секој здрав однос е компромис, но кога компромисите почнат да ве загрозува вас како личност, најдобро е да побарате некој со исти животни цели.
Сексот не е така добар
Зошто би се согласиле на нешто помалку од она што сакате и заслужувате? Ако е премногу себичен и мисли само на своето задоволство, време е да го исфрлите од креветот.
Не ги сака вашите родители и пријатели
Дали тука треба нешто да се добие? Тој треба да најде заеднички јазик и да ги почитува луѓето кои ги сакате . Ако тоа не фукционира, најдете некој на кој тоа нема да му претставува проблем.
Сакате некој друг
Ако било кој од вас двајцата размислува за тоа како би било со некој друг, а ако ве изневерува или во прашање се емоции кон друга личност, не постои ниедна причина зошто и понатаму да се мачите.