Вистински истражувач на духови тврди: Тоа се случува постојано!

Од:

Информер – Белград

Приказните за духови се насекаде и на сите им се интересни и речиси секој од нас има барем една: за стар замок каде дух на стар гроф не може да го најде својот мир, каде секоја ноќ се собираат разни духови или за млада девојка која злосторнички била убиена во средниот век и нејзиниот дух повторно се враќа на местото на злосторството.

Седумдесет и едногодишниот доктор Валтер фон Лукаду се бави со духови секојдневно, како шеф на Советодавното биро за прашања од парапсихологија во Фрајбург. Фон Лукаду, доктор на науки од областа на физиката и психологијата, се занимава со овие прашања и не сака кога го нарекуваат ловец на духови.

Доктор фон Лукаду ја преферира титулата истражувач на духови. Тој не верува во магија и страшни приказни. Сепак, професорот признава дека постојат луѓе на кои им се случуваат необјаснети појави.

На пример, предмети кои сами се помрднуваат, како да ги помрднува невидлива рака или во одредени простории некои луѓе се чувствуваат крајно непријатно. Луѓе кои се сретнувале со вакви и слични појави се обраќаат за помош до професорот и неговото Советодавно биро за парапсихологија, единствено од тој вид во Германија.

Проблемите на своите клиенти и очевидци на чудни појави овој професор ги прифаќа крајно сериозно. – Такви појави многу често се случуваат. Ме чуди како тоа традиционалната психологија да не придава поголемо внимание на ваквите случаи, се жали професорот на новинарот од Спутњик.

А ако веќе сте помислиле дека професорот фон Лукаду работи како што работат глумците во филмот „Истерувачи на духови”, сте се измамиле. Професорот го почнува своето истражување на некои необјасниви појави со метод на елиминација.

– Ако некој тврди дека во неговата куќа се случува нешто чудно, дека се слуша чуден звук или вратите се отвараат сами од себе, а предметите летаат, прво мора да се испитаат сите реални можности за тоа: на пример, можеби се работи за промаја или некое мало животно како хрчко или верверичка. Дури се случува и пријателите некогаш на направат некоја несолена шега, вели германскиот физичар за Спутњик.

Паранормалните појави може да се споредат со психосоматските реакции кај човекот, смета научникот и додава дека е познато на пример лице кое долго се чувствува лошо и запоставено на работа, по одредено време да се разболи, на пример од чир на желудник. Се случува тогаш лекарот да го лечи чирот, а проблемот да е во главата, т.е. во душата на пациентот. Затоа денес, вели фон Лукаду, психосоматските клиники се полни со пациенти.

Постојат луѓе кои на поинаков начин реагираат на нарушувањето на душевната рамнотежа и потоа се јавуваат тие необјаснети појави, вели професорот и тој овој процес го нарекува екстернализација. Тоа главно е позитивен процес, бидејќи тоа значи дека луѓето кои поминуваат низ вакво нешто имаат всушност добро здравје.

– Не е јасно како доаѓа до вакви појави, токму како што се непознати и многу психосоматски реакции, го аргументира својот став германскиот научник.

Како пример, фон Лукаду наведува приказна на едно семејство кое купиле стара меана со желба повторно да почнат со работа. Меѓута, семејното куче одбивало да влезе во куќата, детето необично гласно плачело во новата куќа, а дури и бурињата за пиво протекле.

Тогаш новите сопственици на старата меана од староседелците слушнале дека тука неодамна биле убиени некои луѓе и тие преплашени се обратиле кај професорот за помош. Фон Лукаду ја замолил сопственичката на меаната детално да води дневник и по четири недели дошол да ја провери состојбата.

Открил дека дотичната госпоѓа минувала низ процес на екстернализација. Имено, таа несвесно ги предизвикувала сите овие паранормални појави, со цел мажот секогаш да биде тука да ја заштити или да и помогне.

Би можело да ве интересира

Богат и проколнат: Историјата на морничавиот имот Винчестер

Ана Ололовска

Бразилскиот претседател се иселил од резиденцијата поради духови

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дух запоседнал човек, забележа камерата за надзор?

А1он