Една од сопругите што најмногу го воодушевија светот оваа година за Денот на вљубените, го сподели својот подарок за сопругот на ТикТок и веднаш стана хит.
Глорија се потрудила да одбере вистински подарок за избраникот на нејзиното срце, а во таа потрага, се потпрела врз своите способности – ги отпечатила и специјално ги аранжирала фотографиите на сите жени кои сопругот ги „лајкнал“ на Инстаграм.
@gr93la What did you gets get your man for Valentine’s Day ?? #fyp #valentinesday #messytiktok #couplegoals #crazy #fypシ
„Бидејќи сите споделуваат што подариле, си реков: ќе споделам и јас. На маж ми му ги подарувам сите слики од жени што ги лајкувал на Инстаграм. Се надевам дека ќе му се допадне,“ вели таа во видеото со кое го претставува оригиналниот подарок, кое има близу 3,5 милиони „допаѓања“.
Глорија објави уште една кратка снимка, со реакцијата на нејзиниот сопруг:
@gr93la I have a sense of humor with my man! I don’t know about y’all but I thought this was the perfect gift ? He loved it ? #gorgeousgirls #fyp #joke