ВИДЕО: Вил Смит му удри шлаканица на Кирс Рок во еден од најголемите скандали на Оскарите

Од:

Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на Оскарите, откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на актерот Џејда Пинкет Смит.

Зборувајќи за избричената глава на Пинкет Смит, Рок рече: „Џејда, едвај чекам GI Jane 2“.

Смит се качи на сцената и го удри Рок, а пред да се врати на своето место му рече: „Задржи го името на мојата сопруга надвор од твојата е**на уста…“.

Смит подоцна додека го примаше оскарот за најдобра машка улога низ солзи се извини за инцидентот.

„Сакам да и се извинам на Академијата. Сакам да им се извинам на сите мои номинирани колеги “, рече Смит по освојувањето на првиот Оскар во кариерата за улогата на таткото на тениските легенди Венус и Серена Вилијамс во „Кралот Ричард“.

“Уметноста го имитира животот. Изгледам како лудиот татко, исто како што зборуваат за Ричард Вилијамс. Но, љубовта ќе ве натера да правите луди работи”, рече Смит.

Пинкет Смит има состојбата на губење на косата-алопеција.

Рок делуваше шокирано веднаш по инцидентот, велејќи ѝ на публиката: „Тоа беше највеличествената ноќ во историјата на телевизијата“.

Потоа ја врачи наградата за најдобар документарен филм, што беше причина да се најде на сцената.

Неговата шега се однесуваше на филмот „Џи Ај Џејн“ од 1997 година во кој Деми Мур со избричена глава ја играше насловната улога.

Би можело да ве интересира

Шпанката Карла Софија Гаскон е првата трансродова актерка номинирана за Оскар

А1он

Оскари: Мјузиклот на Емилија Перез доби најмногу номинации, па следуваат „Бруталист“ и „Злица“

А1он

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ