Чоколадото, тоа е општо познато, е омилено за сите генерации, а ретко се наоѓа некој што не го сака неговиот вкус. Повеќето од нас никогаш ќе немаат можност да ја видат својата прва реакција на чоколадо во животот, но не и ова бебе од Англија, чијашто мајка одлучила да го сними неговиот прв контакт со овој вкус.
Реакцијата на малата Сомер Џегер од Кент воодушеви и насмеа милиони луѓе ширум светот.
Мајката на Сомер, 36-годишната Викторија Џегер, вели дека ова било прв пат како ќерка ѝ пробува чоколаден крем, но и дека досега не јадела ништо што е толку слатко, па тоа можеби може да објасни дел од нејзината урнебесна реакција на новиот вкус.