Бизарна несреќа се случи на прометна крстосница во Русија кога тенк помина на црвено светло, премина во спротивната лента и удри во автомобил. Армијата соопшти дека причина за несреќата се неисправни сопирачки на борбеното возило.
На видеото може да се види како тенкот, подоцна идентификуван како БМД-2, забрзува наместо да застане, потоа премина во спротивната лента и удри во возач кој не го очекуваше тоа.
За среќа, никој не е повреден во бизарниот инцидент, а на автомобилот е направена материјална штета.
Армијата ги обвини неисправните сопирачки за несреќата, велејќи дека борбеното возило се враќало во гарнизонот од теренот за обука кога се случил инцидентот.