Тања Царовска која живее и работи во Лондон, во албумот на Chris Botti – е добитник на најпрестижната светска музичка награда Grammy.
Наградата GRAMMY 2012, за најдобар поп инструментален албум ја освои познатиот Американец, музичарот Крис Ботти, за својот албум “Impressions” во кој има и една заедничка изведба со ресенчанката Танја Царовска.
Минатата година Ботти, заедно со својата музичка екипа специјално од Лос Ангелес допатува во Лондон, за да ја сними песната заедно со Танја Царовска во познатото лондонско студио AIR, сопственост на Џорџ Мартин, менаџерот на легендарни Биталси.