Кање Вест и Бјанка Ценсори предизвикаат скандал на годинешните Греми награди, откако Ценсори на црвениот тепих се појави гола, поточно во „фустан“ кој апсолутно ништо не криеше.
30-годишната дизајнерка, која и претходно го привлече вниманието со своите провокативни јавни настапи, пристигна во целосно проѕирен фустан од мрежест материјал, без долна облека – што ги шокираше сите присутни на церемонијата, но и корисниците на социјалните мрежи. Бјанка на почетокот самоуверено чекореше по црвениот тепих облечена во бунда, но потоа го соблече и им го откри своето голо тело на фотографите.
Kanye West and Bianca Censori made a jaw-dropping appearance at the #GRAMMYs. pic.twitter.com/OFo3Cddiou
— Entertainment Tonight (@etnow) February 2, 2025
Во дел од медиумите и на социјалните мрежи се прошири веста дека биле замолени да ја напуштат манифестацијата, но засега нема потврда. Останува нејасно што всушност се случило со нив двајца на доделувањето на наградите.
Социјалните мрежи беа преплавени со коментари на нејзината сметка, а имаше и такви кои правеа шеги. “Бјанка Ценсори има диплома, паметна е и имаше соодветна кариера пред Канје и откако се запознаа, таа се шета гола во јавност. Тоа е тажно и трагично”, напишал еден корисник на X.
„Се обидувам да се сетам кога последен пат Бјанка Ценсори беше целосно облечена“, се пошегува некој.