Корисник на YouTube, со колекција на експерименти, сними одговор на прашањето што се случува кога ќе поставиме вжештена топка во мраз.
„Добив желба да видам што ќе се случи кога ќе ставам вжештена топка од никел во мраз. И самиот јас не знаев што би можело да се случи, па затоа одлучив да го сторам и снимам тоа“, објаснува авторот.
Снимката од експериментот уште првиот ден започна вирално да се шири. За неколку дена има повеќе од милион прегледи.