Поплавите кои го зафатија регионот покажаа дека природата е немилосрдна. Десетици илјади лица останаа живи, но водената стихија ги уништи нивните домови.
Британската компанија „Баса Архитект“ работи на пронаоѓање решение, како куќите да ги издржат поплавните бранови, односно проектира куќи, кои што се отпорни на поплава.
Станува збор за куќа која има многу важна карактеристика, а тоа е да може да стои во водата. Компанијата својот изум го тестираше на поплавените делови покрај реката Темза и како што наведуваат тестот поминал успешно.
Куќата стои на фиксни темели и во случај на поплави, целата конструкција се крева нагоре и таа стои на вода.
Во куќата се инсталирани и звучни системи, кои алармираат кога нивото на водата го преминува дозволеното и кога треба да се напушти објектот.
Е. Г.