Откако светот беше шокиран од снимката на која Далај Лама бара мало момче да го бакне во уста и да му го „шмука јазикот“, сега на Твитер се појави видео на кое се гледа како тибетанскиот верски водач несоодветно ја пипка по нозете на Лејди Гага.
На видеото се гледа како Далај Лама седи до Лејди Гага, а во еден момент ги гледа нејзините искинати фармерки. Потоа ја испружи левата рака и со прстите ја допре кожата на пејачката. Кога се обидел да го стори истото на другата нога, поп ѕвездата го фати за раката и го сопре.
Newly surfaced video of the Dalai Lama and Lady Gaga shows the spiritual leader, who is currently facing backlash for sexually assaulting a young boy, tickle and touch Lady Gaga’s legs before she places her hand on his to block him from touching her. pic.twitter.com/8mRKXsvDdS
— Oli London (@OliLondonTV) April 13, 2023
„Имам чувство дека ќе гледаме уште вакви видеа“, „Не знаев дека е толку мрзлив“, „Веројатно планираше да го направи ова јавно за сите да мислат дека само си игра наоколу. Перверзен“, „Вистината секогаш излегува на виделина“, се само дел од коментарите на корисниците под објавата.
Непримерниот чин на 87-годишен старец со момчето се случи во храмот во Дарамшала, Индија. Далај Лама му рекче на момчето да дојде на сцената каде што седел. Покажувајќи ги образите, се слуша како вели „прво овде“, по што детето го бакнало и прегрнало.
Dalai Lama sexually assaults a child!
Why isn’t the media talking about this?
— Oli London (@OliLondonTV) April 10, 2023
Далај Лама го држи момчето, велејќи „мислам и овде“, а потоа го бакна во уста.
„И шмукај ми го јазикот“, му рече, вадејќи го јазикот, чело до чело со момчето. Детето брзо го извади јазикот и сакаше да се оддалечи, додека Далај Лама се смееше и го повлече назад во раце додека публиката се смееше. Видеото се прошири на интернет и предизвика негодување.