Замислете да го поминете целиот живот во планински град, сонувајќи да го видите океанот. Таков беше и случајот со триесетина постари лица кои живеат во Меделин, Колумбија, додека една организација и неколку посветени работници не го сфатија сериозно нивниот сон и ги испратија во тридневна посета на океанот.
Кога организацијата „Unbound Antioquia“ ги праша сениорите за што сонуваат, многумина посакаа да го видат океанот.Тимот успеа да обезбеди финансиски средства и да однесе 30 постари учесници на анкетата во крајбрежниот град Картагена да пливаат во сино-зелените води, да го почувствуваат песокот и да уживаат во хоризонтот.
„Во „Unbound Antioquia“ без разлика колку години имате, поканата е да продолжите да сонувате. Оваа приказна започнува со нашата желба секогаш да ги слушаме луѓето на кои им служиме.“, вели координаторот Моника Гомез.
„Unbound Antioquia“ е непрофитна организација која работи со сиромашни семејства за да им помогне да станат самостојни и да го реализираат својот потенцијал. Една од нивните програми работи специјално со постарите лица, ги поддржува нивните потреби и ги охрабрува да растат.
„За нив беше незамисливо овој сон да се оствари. Ние сме многу среќни што ги слушаме постарите лица, учиме од нив и одиме со нив за да го постигнеме она што го имаат за цел “, рече Гомез.
Многумина од постарите лица за првпат летаа со авион. На прашањето што им се допаднало на летот, тие одговориле во едногласно „Се!“
Кога стигнаа до океанот, некои плачеа, некои се молеа, а некои веднаш скокнаа во водата.