ВИДЕО: Потрага по вистината за подгтовката на храна во „Мекдоналдс“

Од:

Блогерот од Лондон, Даг Армстронг сними видео кое го прикажува целиот процес на подготовка на популарните сендвичи на „Мекдоналдс“ – „Биг Мек“.

Во седумминутното видео може да се види како Армстронг посетува една од фармите од каде овој најпознат синџир на ресторани за брза храна во светот набавува месо, а потоа и фабриката каде што се преработива месото.

Низ процесот го водат Сем, кој е одговорен за квалитетот на намирниците и Стив, кој е вработен во фабриката за месо на „Мекдоналдс“. Според она што е прикажано на видеото во прашање е само врвна технологија на целиот процес.

Секако, тоа предизвика реакции на голем број читатели на блогот на Армстронг, кои изразија згрозување од ваквата реклама на „Мекдоналдс“.

Еден од нив праша: „Дали некој некогаш во некој од рестораните на „Мекдоналдс“ видел хамбургер каков што е прикажан овде“, додека друг додаде: „Сигурно не верувате во она што е прикажано овде?“.

Во третиот дел од видеото Армстронг сам си подготвува „Биг Мек“, а потоа, секако, ужива во него.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

Масовно труење во Мекдоналдс: Едно лице почина, 10 хоспитализирани

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи