Змејот се запали среде претстава во Дизниленд, но нема повредени. Пожарот избувна во забавниот парк во Лос Анџелес, за време на ноќната емисија „Fantazmic“
Змејот, кој беше од филмот Maleficent, се запали, а на снимките може да се види како блуе оган кој го зафати и него, додека музиката продолжува да свири во позадина.
Moments before the whole dragon caught on fire 🔥 😬 #DisneyOnFire #disneyland #Fantasmic pic.twitter.com/aWkoqHmLUG
— MR.B1ZZ.eth (@LearnThisBiz) April 23, 2023
Инцидентот се случи во забавен парк во Лос Анџелес и освен музика, може да се слушнат врисоци на посетителите.
Луѓето набрзо биле евакуирани. Противпожарната служба во Анахајм соопшти дека никој не е повреден во пожарот. Засега не се знае степенот на штетата од пожарот.
Островот Том Соер е дел од Дизниленд од 1956 година, а посетителите можат да влезат во светот на еден од главните ликови во книгата на Марк Твен, објави KABC-TV.