ВИДЕО: Отворен првиот ресторан Мекдоналдс во Ханој

Од:

Американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс го отвори својот прв угостителски објект во Ханој и тоа во кварт каде се наоѓаат ресторани со виетнамска традиционална храна.

Тоа е прв ресторан на Мекдоналдс во Ханој, додека во Хо Ши Мин, најголемиот виетнамски град, има 16. Првиот е отворен во 2014 година.

Жителите на Ханој во долги редици чекаат да влезат во ресторанот и да ги пробаат специјалитетите на Мекдоналдс, кои се околу трипати поскапи од цените на локалната храна.

Виетнам во последните години се отвори за странски инвеститори, меѓу кои се и синџирот за брза храна Бургер Кинг, Старбакс и КФЦ. 

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

Масовно труење во Мекдоналдс: Едно лице почина, 10 хоспитализирани

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи