Русинот Вадим Андреев (29) од Санкт Петерсбург работи како визажист веќе последните 16 години.
Тој со својата работа секојдневно докажува дека на жените не им треба помош од пластичен хирург за да достигнат совршенство.
Доволно е да се препуштат на неговите искусни раце.
– Тоа прво беше мојата прва забава. Сакам да ги дотерувам луѓето уште кога бев дете. Кога пораснав одлучив дека тоа ќе биде моја работа, раскажа Андреев.
Вадим главно работи за руската телевизија. Секојдневно уредува голем број телевизиски ѕвезди, но работи и со обични девојки. Покрај сето тоа, редновно води курсеви за визажисти.
– Мојата тајна е во тоа што ја гледам убавината во секого и знам да ја извлечам надвор. Кога ќе погледнам некое лице го гледам она најдоброто и тоа вешто го истакнувам, објасни Андреев.