Најпознатата двојка во Источна Азија неодамна го кажа судбоносното „да“ во најскапата свадба, која чинеше 31 милион долари.
Кинеската актерка/пејчака/модел, Ангела Јунг, се омажи за актерот Хуанг Ксиаоминг на церемонијата која би можела да ги посрами и кралските свадби. Оваа двојка го доби прекарот „Ким и Кание“ на Кина.
На свадбата присуствуваа две илјади гости, десет метри висока свадбена торта во форма на вртелешка, кеси со подароци каде се наоѓаа мобилни телефони и секако, огромен ѕид од цвеќиња. За споредба, Ким Кардашијан и Кание Вест потрошија „само“ 12 милиони на нивната свадба.
Церемонијата на оваа двојка беше емитувана во лајвстрим на интернет.
Двојката нивните фотографии ги направи пред свадбата во Париз, а Анџела позираше во скапоцен котур фустан. За вистинската церемонија во Шангај, 26-годшната ѕвезда носеше од Диор фустан за кој беше потребно 35 метри сатен во боја на слонова коска и 50 метри тул.
Прстенот на невестата е вреден милион ипол долари, на кој се наоѓа дијамант во форма на крушка од пет карати.
Двојката се забавувала од 2009 година, а во видеото може да се видат повеќе фотографии од ова случување.