Објавен е трејлер за најновата од видео игрите на Бандаи Намко, „Наруто: Шиноби Страјкер“, работена врз основа на јапонската анимирана серија „Наруто“.
Новитет во последната верзија на оваа игра со 3-Д борби „4 на 4“, е тоа што ликовите се разликуваат зависно од тоа на која класа и припаѓаат.
Датумот на издавање на видео играта се уште не е познат, но се претпоставува дека таа ќе биде наменета за на компјутер, Плејстејшн 4 и Икс-Бокс Уан.