ВИДЕО: На сопругата на умирање и ја испеал омилената песна

Од:

Американката Ерин Солари на ЈуТјуб  објави видео што го снимила во текот на посетата на нејзината баба пред пред да почине.

Нејзиниот дедо Хауард (92) и баба и Лора (93) биле во брак 73 години, а нивната љубов и покрај големиот број проблеми никогаш не престанала.

– Не беше невообичаено на семејните собири еден на друг да си пеат, ја опишува нивната врска Ерин.

Иако поради болеста ослепела, Лора била длабоко загледана во очите на Хауард додека тој ја пеел „нивната“ песна, која првпат и ја испеал пред да оди во војска во текот на Втората светска војна.

– Еден момент пред да почнеме да снимаме, баба ми слушна дека дедо ми е во собата и го замоли да ја гушне. Иако тој не можеше да стои, веднаш стана од количката и се доближи до нејзиниот кревет, а мојата роднина Серена му помогна да остане на нозе додека ја пееше песната, објасни Ерин, додавајќи дека се работи за песната „You’ll Never Know“.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска