ВИДЕО: Морничава снимка од голема бела ајкула, ги демнеше десетте најдобри сурфери

Од:

Голема бела ајкула од речиси три метри пливаше меѓу сурфери за време на натпревар во Јужноафриканската Република.

Тие морничави моменти се снимени со дрон, а сурферите немаа поим што се случува, дури ни тој што буквално беше над главата на ајкулата.

Овој пат големата бела ајкула заплива меѓу десетте најдобри сурфери во светот, но на крајот сепак замина. Но, беше напнато.

„Видовме некои момци како брзо излегуваат од морето, ни рекоа дека виделе огромна бела ајкула што доаѓа. Тие рекоа дека се доволно блиску за да ги видат неговите очи, па го зедовме дронот. И ајкулата пливаше кон сурферите. Се обидовме да го предупреди првиот сурфер и тој ги крена нозете, но ајкулата веќе пливаше кон другиот“, рече еден од учесниците на натпреварот Нејтан Флоренс, пишува Дејли Меил.

Во последните 25 години, ајкулите убиле 37 луѓе во Јужна Африка.

Би можело да ве интересира

Во стомакот на ајкула пронајдени останки на Американката која нуркаше во Индонезија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ајкула уби тинејџер во Австралија

Објавенa тревога: Огромна ајкула нападна жена, властите ја затворија плажата