ВИДЕО: Метеорит удри во куќа во САД, го проби покривот

Од:

Властите во Њу Џерси соопштија дека метеорит удрил во куќа во градот Хоупвел и предизвикал оштетување на покривот и подот на собата. За време на инцидентот нема повредени.

„Во понеделникот метеорит го проби покривот и падна во спалната соба на татко ми. За среќа во тој момент немаше никој дома. Кога го најдов предметот помислив дека е камен. Но кога го зедов во раце, забележав дека сè уште е топло“, рече Сузи Коп, ќерката на сопственикот на куќата, пренесе Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Откриен најстариот материјал, кој постои 7,5 милијарди години

А1он

ВИДЕО: На територија на Русија паднал огромен метеорит?

Наум Локоски