Властите во Њу Џерси соопштија дека метеорит удрил во куќа во градот Хоупвел и предизвикал оштетување на покривот и подот на собата. За време на инцидентот нема повредени.
„Во понеделникот метеорит го проби покривот и падна во спалната соба на татко ми. За среќа во тој момент немаше никој дома. Кога го најдов предметот помислив дека е камен. Но кога го зедов во раце, забележав дека сè уште е топло“, рече Сузи Коп, ќерката на сопственикот на куќата, пренесе Си-Ен-Ен.