За многумина новопечениот пар е големо изненадување.
Пејачот Хари Стајлс и моделот Емили Ратајковски беа снимени како споделуваат страстен бакнеж во Токио.
Пред ова, медиумите шпекулираа дека Емили е во врска со комичарот Пит Дејвидсон, додека беше потврдено дека Хари е во врска, но идентитетот на девојката не беше откриен. Барем не до сега.
Видеото на кое Емили и Хари страсно се бакнуваат без да се осврнуваат на минувачите стана вирално, со преку три милиони прегледи во рок од 6 часа, а многумина се изненадени што тие двајца се пар.
Harry Styles and Emily Ratajkowski spotted kissing in Tokyo. https://t.co/bQExEUnbRI
— Pop Crave (@PopCrave) March 26, 2023
Ова појавување на Хари Сатјлс доаѓа по непријатната случка од доделувањето на Греми наградите кога британскиот музичар се почувстува непријатно пред камерите додека неговиот продуцент Кит Харпун ја ставаи раката на задникот на Хари.
Забележливо беше дека Хари се помрдна за Кид да ја тргне раката додека двајцата се фотографираа, но 40-годишниот продуцент изгледаше дека ужива во вниманието.
IS THIS KID HARPON GROPING HARRY’S ASS???? pic.twitter.com/ts7EXHmaSh
— may²⁸ (@stylinarts) February 6, 2023
Обожавателите честопати ја доведуваат во прашање сексуалната ориентација на пејачот, од изразот на неговото лице беа уверени дека очигледно наводното „пипкање“ е непримерно за него.