ВИДЕО: Макрон загуби облог, па правеше забава во Елисејската палата

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го исполни ветувањето дадено во февруари кога се облжи со двајца познати француски јутјубери. Тој рече дека Мекфлај и Карлито ќе му бидат гости во Елисејската палата ако успеат да соберат десет милиони прегледи на видео во кое промовираат социјална дистанца за време на пандемијата со Ковид-19. Со оглед дека познатите јутјубери имаат 6,5 милиони следбенци, не им беше тешко да ја исполнат целта.

На Мекфлај и на Карлито им беше дозволено да снимат видео од 36 минути со Макрон. Видеото објавено денеска веќе има над шест милиони прегледи.

Шоуто завршува со прошетка низ дворот на Елисејската палата, каде што францускиот бенд „Ултра Вомит“ свири хард рок верзија на француската приспивна песна „Зелен глушец“.

Би можело да ве интересира

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“

Ле Пен: Се подготвувам за предвремени претседателски избори, времето на Макрон заврши

Горан Наумовски

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци

Шолц и Макрон велат дека се подготвени да соработуваат со новите сириски власти

Горан Наумовски