Американскиот рапер Лил Памп доживеа невообичаена несреќа додека снимаше нов спот, кога во еден момент змија го касна за раката.
Тој на „Инстаграм“ објави видео на кое се гледа како Лил Памп седи на скали додека еден маж од страна му додава змија, која го касна во моментот кога раперот ја зеде во раце.
Раперот вресна и ја фрли змијата на подот, а потоа побегна.
Сепак, повеќето негови фанови на „Инстаграм“ го нападнаа за начинот на кој тој се однесува кон животното и затоа што ја користел змијата за да го сними видеото.