Лиам Нисон, 60-годишниот глумец, во шоуто на Елен Деџенерис гостуваше за да учествува во хуманитарната акција за собирање на пари во корист на истражувањата за пронаоѓање на лек против рак на дојка.
Нисон прво во розева наметка прошета низ студиото, а потоа во розеви гаќи седна во стаклена кабина, каде што во игра го полеаја со вода.
Едно мора да се признае. Секоја чест за храброста и подготвеноста на глумецот да го покаже своето голо тело -во благородни цели.