„Аспајар Асисит“ е нова напрва која на луѓето им овозможува да се прејадуваат, а потоа да ја „испумпаат“ изедената храна од желудникот.
Оваа контроверзна направа до сега не беше достапна за пошироката јавност, но нејзината популарност секојдневно расте и наскоро ќе се најде во слободна продажба во Велика Британија, каде нејзиното доаѓање предизвика многу рекации, од кои некои очекувано не се позитивни.
Иако, корисниците можат да се пофалат со одлични резултати, при што некои изгубиле и до 45 килограми, критичарите тврдат дека овој изум само им овозможува на луѓето да „повраќаат кога сакаат“, со што не се решава вистинската причина за дебелеењето.
Пациентите мораат на почетокот да се подложат на 15-минутна операција, при што во желудникот им се става цевка на која се надоврзива пумпа со која во желудникот се вбризгува вода и потоа се „извлкува“ несварената храна. Кога не се користи, крајот на цевката се затвора.
Тие кои ја користат направата ги избегнуваат варењето на третина од изедената храна.
Производителот на направата во промотивни материјали ги предупредува корисниците внимателно да ја џвакаат храната, за да не се затне пластичната цевка.