Кој би рекол дека еден од најпознатите духовни учители, еден ден ќе расте на дрво?
Кинескиот фармер Хао Сијанџанг, дојде на идеја да произведува круши во облик на Буда.
Оваа година произведе 10.000 вакви минијатутни чуда.
Хао мина 6 години во усовршување на техниката за да ги добие необичните круши, кои растат во специјални калапи.
И покрај скапата цена, 6,2 евра по парче, жителите од неговото село Хеси, на север на Кина, одушевени се од малите Буди и се подготвуваат да ги купат кога ќе созреат.
„Изгледа дека луѓето мислат дека се слатки или дека ќе им донесат среќа, вели Хао.
Тој планира да го извезува својот производ во Европа.