И покрај тешкиот период во кој проаѓа хрватскиот град Петриња, еден млад пар од таму успеа да покаже дека љубовта победува се.
Деан Јаданиќ ја побара за жена, својата девојка Ана Крзнаревиќ, пред зградата на Домот за здравје во Петриња.
– Додека земјотресите удираат по нашиот град и ги тресат нашите животи, моето најмило суштество пронајде момент за да ни ги врати надежта и вербата дека се ќе биде добро. Пред старата зграда на Домот за здравје каде мојот Деан со години работеше, едвај извлекувајќи жива глава, на место каде што остана само урнатина, му реков „да“, напиша Ана на својот Инстаграм профил со видео од просидбата.