Малиот Американец Грифин реши импресиите од својот прв бакнеж да ги сподели со пошироката јавност.
Тој своето домашно видео во кое раскажува за неговото „љубовно доживување“ го испратил до емисијата „Американски најсмешни видео инсерти“, чии продуценти клипот го објавија на Јутјуб, каде стана вистински хит.
Грифин видето го снимил на задното седиште на автомобилот на неговите родители и во него во детали го прераскажува првиот бакнеж.
Иако максимално се труди да прикаже дека искуството со првиот бакнеж е „да ти штукне паметот“, Грифин сепак во еден момент останува без текст, но изразот на неговото лице кажува се.