Видео игра што го шокира светот

Од:

Во новата видео игра на компанијата Биг-О-Три, ќе имате можност да бидете кинески готвач кој фаќа и убива мачки поради нивното месо, а меѓу другото и се труди да не буде депортиран.

Играта чијшто слоган е „политичката коректност е прилично досадна“, а која, иронично, е првенствено наменета за деца, важи за доста стереотипна и контроверзна. Во неа играчите имаат за цел да „убијат“ што повеќе мачки и да му помогнат на готвачот да и побегне на полицијата.

Освен насилство над животните и добро познатите стереотипи околу исхраната на Кинезите, играта промовира и коцкање в ресторан. Јавноста остро реагираше на сето тоа, се огласи и компанијата.

– Нашата игра е сатирична и комична, а на создавањето влијаеја класичните политички некоректни проекти со коишто пораснавме – „Саут Парк“’, „Се е во семејството“, „Стенфорд и неговиот син“, „Семеен тип“, „Симпсонови“ и „Шоуто на Чапел“. Играта никако никако не ја отсликува кинеска култура, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

„ФИФА 22“ ќе понуди и „фудбал-тенис“

Ана Ололовска

Истражување: Жените се повеќе време посветуваат на видеоигрите

Ана Ололовска

Пристигна најновата едукативна игра за деца „Ристина и Шарко“

Ана Ололовска

Осум милиони Романци редовно играат видеоигри

Ана Ололовска

УМПАКИ со повик за млади лица од 10 до 18 години за изработка на концепт за видео игра

Ана Ололовска

Македонска е-спорт екипа со шампионско место во „League of Legends“ и вице шампионско во „Counter Strike: Global Offensive“

Ана Ололовска