(видео)
Отава, 27 септември 2019 (МИА) – Канаѓанец си го најде загубеното куче по четири години, а трогателната снимка од нивната повторна средба стана хит на Фејсбук. Многумина признаваат и дека не можеле да ги задржат солзите гледајќи го видеото.
Мајк Плас од канадската област Онтарио бил на работа кога го повикале од прифатилиштето во градот Винипег, Манитоба. Тој го загубил кучето Џек пред четири години. – Ја тргна каишката и појде „во мала авантура“. На автопатот, некој го земал и го повел со себе во Винипег, раскажува Мајк на Фејсбук.
Пред извесно време, некој друг го пронашол Џек и го одвел во прифатилиштето, каде што со помош на микрочипот кај кучето, сопственикот бил пронајден.