Познатата грчка манекенка и телевизиска водителка Нана Карајани стана главна медиумска атракција во Грција, откако беше обелоденето дека страда од анорексија, поради што морапе да ја заврши својата кариера.
Нејзината трагична приказна за борбата со анорексијата се прошири и надвор од границите на Грција, а Нана се појави и на неколку телевизии за да ја разбуди свеста за болеста за кој плати со своето здравје и изглед.
Турскиот весни „Милиет“ објави обемен напис за водителката нагласувајќи дека „една однајубавите грчки водителки, Нана Карајани ги шокира многумина со ова тешка болест.
– Таа работеше како модел и водителка на телевизија, и тогаш и се случи „болеста на манекенките“ – анорексијата. Убава и успешна водителка во текот на долгата борба против полеста драстично ослабе и стана непрепознатлива, наведува весникот.
Самата Карајани на нејзината Фејсбук група секојдневно објавува голем број свои фотографии, во интервјута напоменува и дека нејзиниот сопруг останал крај неа низ тежок период.
Сепак, постојат и тави „злобници“ кои тврдат дека манекенката на некој болен начин ужива во новото медиумскоо внимание и на дека на младите девојки им испраќа погрешна порака.